Loading..

Десетици луѓе останаа затрупани по уривање на четирикатница во индискиот град Мумбаи. Станбената зграда во густо населеното подрачје се урнала затрупувајќи 40 или 50 луѓе, објави телевизијата НДТВ.

На местото на несреќата се наоѓаат спасувачки екипи и пожарникари кои трагаат за преживеани.

За време на сезоната на монсуните и обилните дождови во Индија, често доаѓа до уривање на згради и ѕидови.

Четиринаесет луѓе, меѓу кои и војници загинале во неделата во уривањето на зграда во Солана, во северниот дел од земјата, за време на обилни врнежи.

извор: Makfax

Најчитани вести