Кривичниот суд официјално соопшти дека го прифатил предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење  организиран криминал и корупција да им се одреди притвор од 30 дена на двете лица осомничени за изнуда на пари, за кои Обвинителството денеска отвори истрага.

Судот наведува дека постапувајќи по предлог на Обвинителството, пред судија на претходна постапка при  Основниот кривичен суд денеска беа спроведени двете лица со предлог за
определување мерка притвор.

– По прозинесување на спроведените лица и ценење на фактите и доказите  приложени во предлогот на обвинителството, судија на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и донесе решенија со кои на  двете лица им определи мерка притвор во траење од 30 дена со оглед да  смета дека се исполнети условите од член 165 ст.1 точки 1,2 и 3 од ЗКП
Против овие решенија странките имаат право на жалба до Кривичниот совет, се наведува во соопштението кое Кривичниот суд го испрати по завршениоет распит на двајцата осомничени.

Двете лица, Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Зоки Кичеец, Обвинителството ги товари за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а првоосомничениот Јовановски и за  „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Боки 13, кој беше изнесен од главниот влез на Кривичниот суд во моментот кога обвинителката Вилма Русковска даваше изјава за медиумите.

Боки 13 со кисела насмевка пројде покрај новинарите и обвинителката, со некој килограм повеќе од што јавноста го познава, и рече „зборувате лаги“. Русковска беше запрашана од новинарите, дали коментарот на Јовановски се однесува на неа, по што рече

„Па не знам. Во моментот и вашата колешка зборуваше, може на неа се однесува“.

Според Русковска, пак, обвинителството како доказен материјал нема обележани пари кои, оштетениот бизнисмен им ги дал на Боки 13 и второосомничениот, Зоран Милевски Кичеец, но има видео и аудио снимки.

Таа потврди дека е одземен мобилен телефон од јавен обвинител, без да наведе име, а за кој медиумите информираа дека е на Катица Јанева, заради прибирање повеќе информации за истрагата.

Според неа, во наредниве денови може да се очекува проширување на истрагата.

Од Обвинителството, исто така, потврдија и дека е извршен претрес во канцеларијата на Јовановски во 1ТВ на која тој е сопственик. Јовановски и Милевски се спроведени во Кривичниот суд на распит пред истражен судија кој треба да одлучи дали ќе им биде одреден притвор како што денеска побара Обвинителството.

1

Најчитани вести