Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Како што информира АМСМ, има зголемена фреквенција на возила на ГП Богородица, каде времето на чекање за излез од државата е од 15 до 30 минути, на ГП Табановце за влез во државата околу 30 минути, а на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

извор: Makfax

0

Најчитани вести