Лав

Од сите огнени знаци, лавовите се најромантични. Тие имаат „најголемо срце“, а нивните врски се секогаш страствени и моќни. Иако многумина ги доживуваат лавовите како луѓе кои имаат огромно его и се себични, сепак тие сакаат да даваат внимание на оние кои ги сакаат и да ја докажуваат својата љубов постојано. Ако ве сакаат, лавовите се еден од најдобрите партнери кои можете да ги имате.

Бик

Меѓу земјените знаци, бикот е на прво место кога станува збор за романтиката. Тие се вистински мајстори за романтика, но и најверен знак во хороскопот. Тие се слатки, нежни и прекрасни личности кои ќе ви посветуваат песни, ќе ви организираат романтични вечери и ќе се расплакаат на вашите убави гестови.

Вага

Ова не е изненадување за многумина. Меѓу воздушните знаци, вагите се на прво место. Нивната љубов е чиста и искрена, а тие се големи романтичари. Тие се всушност можеби и најромантичниот знак во хороскопот. Во љубовта прават големи и мали нешта и сакаат да се заљубени.

Рак

Меѓу водените знаци, ракот е дефинитивно најромантичен. Раковите во љубовта се однесуваат како да се создадени да сакаат и тешко е да се споредува нивната љубов со која било друга. Често им треба малку време да се отворат и да веруваат некому, но штом го направат тоа, детерминирани се да ве направат најсреќната личност на светот.

1

Најчитани вести