Иран ќе се врати на ситуацијата пред нејзиниот нуклеарен договор со светските сили, ако европските земји не ги исполнат своите обврски, изјави во понеделникот портпаролот на иранската нуклеарна агенција Бехруз Камалванди.

Иран вели дека европските земји мора да направат повеќе за да ги гарантираат економските придобивки што Иран требаше да ги добие за возврат за ограничувањето на својата нуклеарна програма согласно договорот, кој Вашингтон го напушти минатата година.

Во исто време, Франција, Велика Британија и Германија изразија загриженост дека иранскиот нуклеарен договор ќе се распадне поради тензиите во Персискиот залив.

Во заедничка изјава, тие повикаа на дијалог меѓу сите страни.

„Ризиците се големи, поради што е потребно сите засегнати страни да застанат и да ги разгледаат можните последици од своите постапки“.

„Веруваме дека е време да се однесуваме одговорно и да бараме начини да се запре ескалацијата на тензиите и да се продолжи со дијалогот“.

извор: Makfax

47

Најчитани вести