Loading..

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ вчера по петти пат победи на неофицијалното Светско првенство Вимблдон  победувајќи го Роџер Федерер кој важееше за голем фаворит на натпреварот.

Во извештајот од „Си-ен-ен“ пишува дека Федерер морал на крајот да му честита на подобриот од себе.

Новак Ѓоковиќ главно помина незабележано во поголемиот дел од Вимблдон поради останатите работи. Меѓутоа, Србинот привлече внимание сега, откако го победи Федерер. Спаси две меч топки и го победи засекогаш популарниот Швајцарец во најдолгото финале во историјата на Вимблдон. И како ја прослави петтата вимблдонска титула? Како и обично, со јадење трева“, се наведува во извештајот.

Си-Ен-Ен истакнува дека Федерер пропуштил сјајна можност да го совлада Ѓоковиќ на овој меч.

Ѓоковиќ пред завршницата спаси две меч топки, и тоа на сервисот на Федерер при водството од 8:7 во петтиот сет. Федерер би можело да се лути на себе не само поради тоа, туку и поради фактот дека и претходно можел да го докрајчи Новак. Навистина можел да го победи Ѓоковиќ во три сета, бидејќи во првиот водеше 5:3, а имаше и сет топка во третиот, пред да дојде до тај-брејк. Во некои делови од финалето Ѓоковиќ и не личеше на себе, иако тоа треба да се препипше на офанзивниот настап на Федерер. И сега, Ноле, како најдобар на светот дојде до само 4 такви трофеи помалку од Федерер, и тоа првпат во кариерата“.

Си-Ен-Ен истакнува дека и покрај сите резултати кои Новак ги има нема да биде популарен како неговиот најголем ривал.

Можеби никогаш нема да биде популарен како Федерер или Надал. Ѓоковиќ го иритира тоа што не добива толку љубов од навивачите за време на мечот, а Федерер и Надал редовно добиваат кога е важно“, стои во извештајот.

Најчитани вести