Либиската крајбрежна стража соопшти вчера дека на нејзиниот брег пресретнала гумен чамец со 53 африкански мигранти кои тргнале кон Европа, меѓу нив имало и 10 жени и деца.
        
Портпаролот Ајуб Гасим изјави дека мигрантите биле пресретнати во близина на либискиот крајбрежен град Сабрата, 70 километри западно од главниот град Триполи.
        
Тој додаде дека на мигрантите им била пружена хуманитарна и медицинска помош и дека потоа биле одведени во бегалски камп во северозападниот град Зави. Либија стана главна рута за африканските мигранти кои се обидуваат да стигнат до Европа по 2011 година, кога долгогодишниот владетел Моамер Гадафи беше соборен и убиен.

извор: Makfax

1

Најчитани вести