Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на ноќеска спроведе зајакната акциска контрола за откривање возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од законски пропишаната во населено место на подрачјето на град Скопје.

Од страна на полициски службеници констатирано е дека 80 возачи ја пречекориле брзината во населено место. Откриени се и 52 останати прекршоци.

Вчера во периодот од 19 до 24 часот беше спроведена и акциска контрола за прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли. Од страна на полициските службеници, по однос на констатираните прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата констатирани се осум прекршоци сторени од возачи на моторцикли, соопшти МВР.

извор: Makfax

16

Најчитани вести