Во првата недела од јули во Хрватска има 90.000 гости и 400.000 ноќевања помалку отколку во истиот период минатата година. Падот на гости е забележан во сите делови на земјата, а најпогодени се приватните сместувачки капацитети.

Според податоците на порталот Индекс, се забележуваат 12 отсто помалку гости и 20 отсто помалку ноќевања од Германија, кои се едни од најбројните туристи во земјата. Во првата недела од јули 2018 година, во Хрватска пристигнале 1.094.199 гости, а оваа година 1.004.139.

извор: Makfax

162

Најчитани вести