Loading..

Непознато патничко моторно возило вчера удрило во велосипед управуван од малолетничка од Скопје и го напуштил местото, соопшти МВР.

Несреќата се случила вчера напладне во Скопје на крстосницата од улицата „Горно Лисиче“ и улицата „Горноврановска“.

Малолетничката била пренесена во Градска општа болница Св.Наум Охридски, каде и била констатирана тешка телесна повреда. Се работи на расчистување на случајот.

извор: Makfax

Најчитани вести