Убавата Русинка Ирина Шајк со фотосесија и интервју за списанието Харперс базар непосредно пред јавно да соопшти дека се разделува со Бредли Купер.

Секој гледа на бракот поинаку. Дали верувам во брак? Да, се разбира. Не сум од личностите кои се против, коментира Ирина пред Бредли да го напушти семејниот дом.

За големиот интерес на јавноста за нејзиниот приватен живот, таа вели: 

Сметам дека се такви човечките суштества – ако го немаш, сакаш да го имаш. Има завеса и сакаш да ја тргнеш завесата. Љубопитство е, претпоставувам“.

Кога станува збор за мајчинството, Ирина е категорична дека жените не треба да се менуваат откако ќе добијат дете и треба да си останат доследни на себе.

Треба навистина да бидеш свој за своите деца. Во спротивно, ќе живееш во лага. Кажете ми една причина зошто треба да се носи подолго здолниште само затоа што си мајка. Не! Не верувам во тоа. Навистина, вели Шајк, која има ќерка со Бредли Купер.

Славниот модел проговори и за растењето со силни жени. На 14 годии го изгубила таткото, кој работел како рудар и починал како последица на компликации од болеста на белите дробови. Бидејќи и двајцата нејзини дедовци биле починати, таа продолжила да расте со мајка си, сестра си и двете баби.

Никогаш немавме мажи наоколу. Мораш да научиш како да заковаш шајка во ѕидот, како да ги ставиш завесите. Знам сè за садење домати и краставици, бидејќи во Русија така ја преживуваш зимата – раскажува таа.

Ирина на 19 години ги направи првите големи чекори во модната индустрија. Тогаш, живеела во мал апартман во Париз со други девојки, а сите добивале само мала сума пари за преживување и мапа за да се движат од кастинг на кастинг.

„Ти даваат џепарлак и мапа. Кога сега се враќам во Париз и имам мој возач и престојувам во хотел, навистина го ценам сегашниот живот и знам колкава среќничка сум. Ништо не доаѓа лесно во животот. Уште од детството, во времињата кога немаше плата за мајка ми и татко ми, сметам дека сум фокусирана на преживување. Тоа те учи да работиш напорно. Те учи дека никој нема да дојде и да ти даде нешто – истакнува таа.

1

Најчитани вести