Во Република Македонија не постои смртна казна. Според тоа, ниту една државна институција, или нејзин орган, немаат право (посредно или непосредно) да го доведат во прашање животот на кој било човек, макар бил и животот на Миле Јанакиески.

Доста ѝ се на Македонија случаи од типот на Томислав Кежаровски (пушти – притвори – затвори – затвори – пушти – притвори), бидејќи Македонија, како и секоја друга држава, поседува превентивни мерки со кои може да ја заштити и оствари правдата, без да се загрози било чиј живот.

Само на тој начин (вели вроденото чувство за п р а в е д н о с т) може да се обезбедат услови никој однапред да не биде неправедно ослободен, ниту некој неправедно казнет. 

2

Најчитани вести