Целта на лажните вести и лажното претставување е дефокус и збрка. Колку повеќе зборуваме на таа тема толку повеќе помагаме на тие што чии што интерес е очигледно е да има збрка. Мислам дека си имаме важни работи, ќе бидеме мудри ако се фокусираме на вистинските нешта.

Вистинските нешта е порастот на размената со Украина од 35 милиони евра на 80 милиони и реално нешто е нашите граѓани кога ќе патуваат во Украина без визи, изјави денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров по средбата со амбасадорката на Украина во врска со сканалот со руските комичари.

Мислам дека ќе помагаме на тие што можеби немаат интерес за решавање проблеми, за успех на нашите стратешки цели и затоа не би сакал да додавам гориво на оваа приказна – објасни министерот.

На прашањето дали бил известен и каква е процедурата при вакви разговори Димитров одговори дека колку повеќе се додава оган на збрката толку ја растеме.

Живееме во денешен свет каде што сите државници комуницираат директно едни со други.Мислите за секој контакт има белешка. 21 век и 2109 година, животот е брз, работата е брза, дипломтијата е многу брза и особено за земја која многу години изгуби делумно во од во место делумно одејќи назад, особено меѓу 2008 и 2017.Во овие ве години имаме неверојатни резултати токму во надворешната политика. Се гледа НАТО членството а оптимист сум и за пристапни преговори со ЕУ.Прашањето што ни беше котва и што не влечеше назад за името е зад нас. Оваа филозофија со белешки е филозофија на минатиот век.Ниту сме единствени што биле жртва на лажно претставување, веројатно такви нешта ќе има и во иднина во смисла на обиди. Да се концентрираме на реалноста и иднината – смета Димитров.

Најчитани вести