Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се обрати по повод 11 години од формирањето на ПОДЕМ. Тој ја честиташе годишнината на оваа партија, додавајќи дека е тоа е партија верен сојузник на ВМРО-ДПМНЕ за подобра иднина на Македонија.

 

„Мојата визија и нашата заедничка битка мора да биде да го сочуваме достоинството на секој еден граѓанин. Затоа ни е потребна обнова. Обнова во секој еден руиниран сегмент во општеството.
Доаѓа ново време кога политиката мора да биде работа на принципи, разум и труд. Многу работа и чесност.
Јас во мојот живот немам заработено нечесно ниту едно пенкало, имам принципи на кои ме учеле од мал, моите родители. Тоа го барам од секој еден мој соработник“, истакна Мицкоски.

8

Најчитани вести