По четиринаесет години од разводот на американскиот актер Бред Пит (55) и актерката Џенифер Анистон (50), нивниот пријател Џорџ Клуни (58) си зададе мисија повторно да ги обедини, пренесува „Мирор“.

Неговиот план започна така што ги покани поранешните брачни партнери да одат со него и неговата сопруга Амал (41) на тајно патување во Рим.

Причината за тоа е дека Џорџ сака еден од неговите најдобри пријатели повторно да биде среќен. Според него, тоа значи само едно – да го спои со Џенифер.

Бред и Џенифер останаа во приватна вила во Рим. Џорџ организираше сè, откривајќи дека сместувањето било резервирано за неговите родители, за да нема „љубопитни очи“.

Сè било многу романтично благодарение на персоналот кој се однесувал крајно дискретно.

извор: Makfax

1

Најчитани вести