Една жена во Тексас беше уапсена откако полицијата откри дека ги чувала посмртните останки на својата мајка во куќата во која живеела со својата ќерка.

Полицијата верува дека 71-годишната баба, чие тело е пронајдено, била повредена во несреќен случај во 2016 година, откако паднала во куќата, објави „Би-би-си“.

Постои сомневање дека нејзината 47-годишната ќерка не ѝ помогнала и дека таа починала во рок од неколку дена од повредите кои воопшто не биле опасни по живот.

Коските на починатата жена беа пронајдени на подот од спалната соба. Мајката и ќерката спиеле во друга просторија.

По ова откритие на полицијата, девојката била предадена на грижа на роднини, а прима помош и од Здружението за заштита на децата.

На мајката ѝ се закануваат 20 години затворска казна и парична казна од 10.000 долари.

извор: Makfax

81

Најчитани вести