Форензичарите  отрорија две гробници во Ватикан од 19 век, во надеж дека ќе ја решат мистеријата за исчезната тинејџерка Емануела Орланди од пред повеќе од 30 години, но потрагата заврши неуспешно. И двете отворени гробници биле празни, во нив дури немало ниту остатоци од луѓето за кои било наведено дека се погребани во нив.

,,Тие не најдоа ништо, ниту, пак, останки на оние кои требаше официјално да бидат закопани таму”, вели братот на исчезнатата девојка, Пјетро Орланди. ,,Тие ископале под една гробница и пронашле соба која празна, а во другата, нашле саркофаг, исто така празен”.

Емануела Орланди, ќерка на вработен во банката во Ватикан, имала 15 години кога исчезнала откако заминала од часовите по музија во Рим во 1983 година. Фамилијата на тинејџерката верува дека нејзиното тело би можело да биде погребано во гробиштата во Ватикан, откако добиле анонимна дојава минатата година.

,,Ако сакаш да ја најдеш Емануела, барај каде што гледа ангелот”, пишувало во писмото кое го добиле семејството, заедно со фотографија која посочувала каде треба да се бара.

Тимот од 15 лица потоа почнал да ги ископува гробовите на принцезата Софи фон Хохенлохе  и принцезата Шарлот Фредерика од Мекленбург, кои починале во 1836 и 1840 година.

Семејството Орланди побарало гробницата под статуата на ангелот да се отвори “одмор во знак на мирот”, но Ватикан одлучил и гробницата до неа да се зотвори за секој случај.

Ова не е првпат гроб да биде отворен поради мистериозниот случај кој трае повеќе од три децении.

Во 2005 година, анонимен дојавувач тврдеше дека телото на Орланди е погребано во гробот на Енрико де Педис, гангстер кој дејствувал во Рим во 1970-тите и 1980-тите години, според Џанкарло Капалдо, државен обвинител кој работел на случајот помеѓу 2012 и 2016 година . Во 2012 година, неговиот гроб беше конечно отворен, но остатоците на Орланди не беа пронајдени.

 

извор: Makfax

Најчитани вести