Арапи, по потекло од Алжир, се собраа синоќа во центарот на Париз за да ја прослават победата на својот фудбалски тим над репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска во Купот на Африка.

Во таа прилика предизвикале жестоки немири.

Неколку илјади луѓе се собрале околу 21 часот на Шанзелизе за да го прослават пласирањето на алжирскиот национален тим во полуфиналето на Африканскиот куп.

Како што пренесуваат светските медиуми, немирите започнале околу полноќ, кога неколку групи луѓе почнале да ги кршат прозорците на блиските продавници.

Тие демолирале продавница за мотоцикли на производителот „Дукати“, од каде украле ракавици, кациги, па дури и мотори, додека полицијата не го сопрела грабежот.

извор: Makfax

301

Најчитани вести