Десетици граѓани кои се противат на консумирање на кучешко месо денес во Сеул го одбележаа Денот на кучешко месо во Јужна Кореја.

Меѓу насобраните беше и американската актерка Ким Бесинџер, додека спроти нив стоеја 20 лица кои бараат легализација на кучешко месо.

„Ние треба да ја спречиме оваа суровост на нашата планета”, рече Бесинџер.

Засега нема извештаи за насилни инциденти.

Во Јужна Кореја постои верување дека денешниот петок е првиот од трите најтопли денови во земјата. Многу Јужнокорејци веруваат дека консумирањето кучешко месо или пилешка супа во текот на тие три дена дава сила да ја надвладеат топлината.

Консумирањето на кучешко месо не е нитиу легално ниту експлицитно забрането во Јужна Кореја, а рестораните кои нудат таква храна ги има сè помалку.

извор: Makfax

17

Најчитани вести