Најголемиот и најмоќен воен брод во Велика Британија, „Кралицата Елизабета“ при пловидбата имаше проблем со пропуштање на водата, поради што мораше да се врати во пристаништето.

Како што пренесува Би-би-си, се претпоставува дека пропуштањето на водата се случило поради пукната цевка, што довело до внатрешно оштетување.

Кралската морнарица го опиша инцидентот што се случи во вторникот, како „мал проблем со водата во внатрешниот систем”.

Водата е испумпана, а истрагата за пропуштањето на водата е во тек.

Носачот на авиони има вредност од 3,1 милијарда фунти, објави Би-би-си.

извор: Makfax

78

Најчитани вести