Најмалку пет лица загинаа, а 40 се повредени кога 13-годишен бомбаш-самоубиец се разнесе на свадба во источната авганистанска провинција Нангархар, објавија локалните власти.

Полицискиот официјален претставник, Фајз Мохамад Бабархил, изјави дека момчето се разнело на свадбена церемонија организирана од командантот на провладините сили, Малик Тур, кој загинал во нападот.

Според официјални претставници, Тур веројатно бил цел на нападот, објави АП.

Портпаролот на гувернерот на провинцијата Нангархар, Атахулах Когјани, изјави дека 40 лица се повредени и биле пренесени во болница, додека локалното население тврди дека 10 лица биле повредени во нападот, пренесе „Ројтерс“.

Никој не ја презеде одговорноста за нападот, но во источниот дел на Авганистан има присуство и на Талибанците и на Исламска Држава.

извор: Makfax

42

Најчитани вести