Марк Стинцијано од Њу Џерси вети дека ќе му даде бифтек на кучето на соседот бидејќи ја избркал црната мечка од неговиот двор.

Стинцијано изјави за ВАБЦ-ТВ дека неговата безбедносна камера снимила што се случило во вторникот вечерта кога мечка се обидела да ја земе храната од хранилиштето за птици во дворот на неговата куќа во Вест Милфорд, објави АП.

Снимката покажува како мечката го урива хранилиштето за птици и во дворот влетува Рајли, кучето на соседите, кое ја напаѓа зачудената мечка, која почнува да бега.

Сопственикот на Рајли, Ален Тласти, рече дека неговото куче секогаш ги брка мечките кога ќе ги види во дворот.

Стинцијано вели дека Рајли внимава и на неговите деца кога се во базен.

извор: Makfax

1

Најчитани вести