Утре во 12:30 во МНР, амбасадорката на Украина и министерот Никола Димитров, ќе потпишат важен меѓудржавен договор за безвизен режим. Невообичаено за вакви битни договори, во сценариото не се предвидени изјави за медиумите од министерот и амбасадорката.
Зарем е толку незгодно да се излезе пред новинарите и јавноста? Но, доколку новинарите се малку поупорни, сигурен сум дека можат да го премислат министерот Димитров, кој само пред два дена во Лондон држеше лекција за транспарентност и слобода на медиумите! - напиша на својот ФБ профил пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

 

Најчитани вести