Активистот на шарените и постојан корисник на Сорос фондовите Петрит Сарачини ги надмина неговите колеги во величењето на Зоран Заев и борбата да биде премиер - по секоја цена.

Во колумна за цивилмедија.мк објаснува дека премиерот Заев не може да биде сменет од својата функција затоа што Македонија била во војна, период во кој според негово мислење во светот не се менувал претседател.

Сарачини како пример за неменливост на лидер во време на војна ги дава САД каде Рузвелт во втората светска војна бил избран два пати за претседател иако тоа било против уставот.

Според музичарот и новинар а сега советник за комуникација на Владата Заев може да биде сменет само кога ќе заврши специјалната војна во која се наоѓа Македонија, а која ќе трае уште неколку месеци. Советникот на Заев, шарен активист Петрит Сарачини не кажа со кого е Македонија во војна и дали е објавена воена состојба за да знаат сите дека е тоа така, или само тој е во војна за својот хонорар и наколоност кај Зоран Заев. Глупомерот ќе експлодира.

47

Најчитани вести