Претседателите на Русија и Боливија, Владимир Путин и Ево Моралес денеска оценија дека е недозволиво надворешно мешање во венецуелските прашања и изразија надеж дека дијалогот меѓу власта и опозицијата во таа земја ќе помогне да се најде излез од кризата.

„Руската страна во неколку наврати истакна дека странското мешање во работите на Венецуела е недозволиво”, рече Путин по разговорот со Моралес.

Тој додаде дека ист став има и претседателот на Боливија, објави ТАСС.

извор: Makfax

41

Најчитани вести