Германската канцеларка Ангела Меркел седна на церемонијата за добредојде на премиерката на Данска во четвртокот, еден ден откако таа беше забележана како се тресе додека го пречекуваше премиерот на Финска.

Данската премиерка Мете Фредериксен седеше до Меркел на пречекот со воени почести во Берлин пред двете жени да замината во канцеларијата на канцеларката. Меркел, која не покажуваше знаци на тресење, имаше широка насмевка на лицето.

По состанокот со финскиот премиер Анти Рине во средата, Меркел рече дека тресењето, што првпат ѝ се случи на средината на јуни, ќе исчезне исто како што се појави.

Канцеларијата на канцеларката не даде објаснување за епизодите на тресење.

Медицинските експерти ги отфрлија шпекулациите околу тресењето, велејќи дека постојат повеќе потенцијални причини за тремор.

извор: Makfax

367

Најчитани вести