Во ситуација во која што светот достигнува 8 милијарди жители, во ситуација во која што се зголемува населението, во ситуација во која што земји кои што до вчера имале 10, 20 милиони жители растат со својата популација, Македонија се соочува со демографска катастрофа, рече на прес-конференција Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ чие обраќање беше по повод 11-ти јули – Светскиот ден на населението во календарот на Обединетите Нации.

Тој се повика на податоците за месец април од билтенот на Заводот за статистика, кои, како што рече, се уште позагрижувачки.

„Податоците зборуваат дека во месец април 2019 бројот на родени бебиња во однос на минатиот април е паднат за 14,4%. Рецесија од 14,4%. Во април минатата година биле родени 1.672 бебиња, а во овој април се 1.432. Тоа е пад од 240 бебиња. Да ве потсетам дека 2018 беше најлоша демографска година откако има статистика и бројки во Македонија, најлоша во 70 години наназад“, посочи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека тоа значи оти Македонија исчезнува и буквално умира.

На крајот, Ѓорчев порача дека Зоран Заев и неговите министри имаат историска одговорност за состојбата во сите сфери во земјава.

извор: Makfax

2

Најчитани вести