Новиот британски амбасадор во САД мора да биде најдобра личност за долгорочните интереси на односите меѓу двете земји, изјави во четвртокот министерот за надворешни работи, Алан Данкан.

Британскиот амбасадор во Вашингтон поднесе оставка во средата по неколкудневните критики од Доналд Трамп кои следуваа по протекувањето доверливи разговори во кои Ким Дарох ја опишува американската администрација како неспособна.

„Многу е важно да назначиме нов амбасадор на соодветен начин, за да ја имаме најдобрата личност назначена на најдобар можен начин за долгорочните интереси на Велика Британија и нашите односи со САД“, изјави Данкан пред парламентот.

Тој додаде дека амбасадорот ќе биде назначен од страна на премиерот, иако се уште не е познато кога ќе се случи тоа. Премиерката Тереза Мај се повлекува од функцијата, а нејзиниот наследник треба да биде објавен на 23 јули.

извор: Makfax

3

Најчитани вести