Loading..

Познатиот пејач Хулио Иглесијас во осмата деценија од животот го загуби судскиот спор, во кој е докажано дека има вонбрачен син.

По 30 години, шпанскиот суд конечно го реши спорот, иако Хулио одби да направи ДНК-тест за да се утврди дали е татко на 40-годишниот Хавиер Санчез Санти.

Хавиер е роден во 1976 година, а неговата мајка е танчарката Марија Едита Сантос, но Хулио има право да се жали на пресудата.

Хулио има девет деца, од кои само Хавиер е вонбрачен. Со Изабел Прејслер има три деца, меѓу кои е и познатиот пејач Енрико Иглесијас, а со сегашната сопруга Миранда Ријнсбургер има пет деца.

извор: Makfax

Најчитани вести