Најновата композиција на двоецот ДНК, со наслов „Горе или доле“ и по три недели се уште е во ’трендинг’ на Јутјуб. Видеото досега го виделе повеќе од милион фанови, а коментарите се повеќе од позитивни.

„Песнава и спотов да ги прогласиме за спот и песна на годината?“... „Браво за пораката ...“ „Ова се вистинските ДНК. Секоја чест момци, издоминиравте“... се само дел од пораките под видеото на Јутјуб.  

 

„Горе или доле“ е моќна композицијаодносно клупска и радио ’френдли’ тема со моќен текст и видеозапис, што ја следи самата приказна. Видеото е снимено под режисерската палка на Даниел Јовески, а кадрите се направени на неколку локации низ земјава, поточно во кафулето „Рузвелт“ во Скопје, потоа во Охрид, како и на Клиниката Жан Митрев. Песната, пак, е со потписите на Лазар Цветкоски и Панчо, кои со заеднички сили ја склопија музиката, додека текстот е на Панчо, а аранжманот на Лазе.

.„Колку и да ве разочара животот останете силни бидејќи секоја затворена врата отвора нова. И што е најважно Don’t drink & Drive“, велат Панчо и Андреј.

1

Најчитани вести