Професионалната шминкерка Амбер Препчук од Едмонтон, Канада, во средината на јуни отишла со пријателите во колиба во близина на езеро. Во кујната, таа исцедила 18 лимони за маргарита, со тоа што првите десетина ги цедела рачно додека да ја најде цедалката. Потоа малку ги измила рацете и излегла надвор да се сонча и да плива со пријателите. Два дена подоцна таа се разбудила во агонија поради ужасните изгореници на рацете.

Posted by Amber Victoria Prepchuk on Недела, 19 април 2015

„Се разбудив буквално плачејќи од болка. Ми се чинеше дека кожата ми врие одвнатре. Беше ужасно“, изјави таа за „Дејли мејл“.

Амбер Препчук, очигледно, страда од фотодерматитис, хемиска реакција на кожата предизвикана од хемикалии кои содржат лимонска киселина (или лимета, како и целер и магдонос), што го подобрува дејството на УВ-зраците. Таквата реакција е ретка, но некои луѓе се почувствителни.

Амбер порано немала слушнато дека кожата може да реагира на сок од лимон под дејство на сончевите зраци, а ни нејзиниот доктор, па затоа ја отфрлил можноста за изгореници или алергиска реакција. Сепак, и пропишал лекови против болка, кои ги пиела една недела за да ја ублажи болката, а раните ѝ ги замотал со завои, за да се заштити од инфекција.

Неколку недели таа одела на превиткување, третмани на кожата со витамин Е, сушење и отстранување на мртвата кожа. Сега користи витамин Е, силна заштита од сонце и дневен хидратантен крем и се чини дека ѝ помага.

Амбер ги советува сите по цедење сок од лимета или лимон да си ги мијат рацете со сапун.

извор: Makfax

4

Најчитани вести