Силберстин е долгогодишен пропагандист на австриската социјал-демократска партија СПО, каде формирал мрежа на интернет портали и фејсбук-страници преку кои подметнувал лажни вести со кои ја обвинувал австриската десница дека се расисти и националисти. Во 2017 година Силберстин е уапсен под сомнение дека примил 400.000 евра од тогашниот социјал-демократски канцелар Кристијан Керн да ја води оваа мрачна кампања против десницата и особено растечката политичка ѕвезда Себастијан Курц. Поради пристапот кон пропагандата, името на Силберстин во Австрија станува синоним за ширење на лажни вести.

Рускиот комичар Алексеј Столјаров – лажниот „Петро Порошенко“ од сега веќе познатата снимка со Зоран Заев, со Република ги сподели и пораките кои Заев му ги испраќал преку мобилна апликација.

Од пораките се гледа дека Заев мислел дека навистина го информира украинскиот претседател Порошенко за разговори со претставници на украинската Влада, и продолжува да бара негова помош за контакт со патријархот Вартоломеј, кому Заев се согласи да му исплати 100.000 евра мито.

2

Најчитани вести