Откако победи во Задруга 2 и „лапна“ скоро 200 000 евра Луна Џогани, ќерката на некогашниот денс двоец познат како Фанки Џи реши и да запее. Во потрага по добар хит Луна стигна во Скопје и директно кај хит мејкерот Дарко Димитров. 

Дарко е познат како некој кој доста работи со ѕвездите во соседството, а меѓу редовните гости во неговото студио се Марија Шерифовиќ, Александра Радовиќ, Емина Јаховиќ, Јелена Томашевиќ... Кај него по хит дојде и Анастасија Ражнатовиќ...

Ете ја сега и Луна, ќе бидеме трпеливи па ќе видиме што спакувал Дарко. 

Најчитани вести