Министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски и за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ќе ги посетат автокампот Крани, село Наколец и околните села од Преспанскиот регион што беа погодени од синоќешното невреме.

Во невремето со силен дожд, ветер и град, е предизвикана голема материјална штета и се отсечени села. Невремето кое траело околу половина час ги уништило и земјоделските култури, а најголеми штети имало во селата кои гравитираат кон граничниот премин „Маркова нога“: Штрбово, Наколец, Крани, Долно Дупени и Љубојно.

10

Најчитани вести