SVEMIRKO и DJ Fitz се новите изведувачи за овогодинешното деветто издание на фестивалот на нова музика – ЗДРАВО МЛАДИ кое е закажано за 31 август во паркот на МКЦ.

Најинтересната современа појава на поп музика на Балканот – бендот Svemirko и добро познатиот Dj Fitz се приклучуваат на досега најавените артисти: канадското пост-панк трио Operators, аргентинците Mueran Humanos, хрватското мистериозно електропоп дуо – Nipplepeople, како и претставниците на европската (односно берлинската) електро-сцена CONFORCE, VIVIAN KOCH, ALEX ACID, програма курирана од нашиот репрезент и берлински резидент STOJCHE.

Билети за фестивалот можат да се набават на билетарница на МКЦ или online преку bileti.mkc.mk по промотивна цена од 400 денари.

извор: Makfax

14

Најчитани вести