Во силното невреме кое го погоди грчкиот полуостров Халкидики повредени се шестмина српски туристи, пренесуваат српските медиуми повикувајќи се на информации од болницата во Неа Мудања. Во болницата се примени уште 80 туристи, а најмалку шест лица меѓу кои и две деца ги загубиле животите. Повредени се повеќе од 100 лица. 

Според првичните информации животот го загубиле две постари лица од Чешка, една жена и дете од Романија и маж и дете од Русија. 

Ваквото невреме не е вообичаено за Грција каде летата обично се топли и суви. Метеорологот Клеахос Марусакис рекол дека овие услови се „екстремно необични за овој период од годината“.

1

Најчитани вести