Министерот за култура Асаф Адеми замина. До кога ќе дозволиме доблесни луѓе да ни одат? Зарем до толку ни се суфицит чесните кои владеат со одговорност.? Ќе жртвуваме ли уште министри за култура или економија или други креативни  луѓе на кои ’’маана’’ им е праведноста? Или ќе го деконтаминираме тој медиумски простор во кој царуваат лажните вести или тој ќе не отруе нас! Премиеру наш време е за колективна правда!Премиеру наш не можеме понатаму со ваква национална МТВ,  не можеме понатаму со инфицирани инсталации во клучните министерства и ресори да градиме нов систем на вредности. Премиеру наш не смееме боси по распосланот анти НАТО ќилим, инаку не само што ќе ни крварат стопалата туку и срцата.

Кога бев дете, дома имав две мачиња по боја жолто-шарени и скоро исти но по нарав сосема различни. Деца како деца игравме со нив цело маало и експериментиравме дали навистина мачките знаат секогаш да паднат на нозе. Така и беше кога ќе ги фрлевме држејки за нозете но со грбот надоле  (од наша детска висина) тие веднаш ќе паднеа на нозе. Ние се смеевме мачињата уживаа со нас арно ама љубопитноста не тераше да го пробаме тоа од поголема висина качувајки се на скалите а после и на терасата. Тогаш едното маче падна од доста високо пак на нозе но малку се повреди другото веднаш свати дека му се спрема лошо и проба да избега ама доста не изгреба. На третиот пат мирното маче (кое премногу сакаше да ни удоволи) го фрливме и си ги скрши нозете а лошото повторно не изгреба и избега. Од тогаш ни остана само едно маче а ние веќе никогаш не се осмеливме да го фрлиме од тераса..  Никогаш!

До пред неколку месеци имавме заробена држава и еднодецениска власт која се колнеше во демократија а спроведуваше тиранократија и лошо маче наспроти мноштво раце кои не се осмелуваа да го допрат.

Македонка Коцева, организација Виножито

* Лошото маче имала намера до го фрли од балкон но, и избегало... Премиеру, не дозволувајте опозицијата да ви избега - фрлете ја од балкон! (нз)

17

Најчитани вести