Џош Ирвин од Глазгов на „Твитер“ постави снимка од патувањето на кое бил со своето семејство, откако службениците на аеродромот му рекле на татко му дека неговиот багаж е премногу тежок.

Притоа момчето го снимило својот татко како на себе облекува повеќе маици и кошули со цел да ја намали тежината на куферот.

„Куферот ја надмина очекуваната тежина, татко ми извади околу 15 маици и ги облече на себе за багажот да ја добие прифатливата тежина“, напишал Џош во својот твит.

На снимкта се гледа како неговиот татко облекува маици со кратки ракави, кошули и дуксери, пред да ја мине аеродромската контрола.

Може да се види и тоа дека таткото добро се испоти за време на операцијата „намалување на багажот“.

извор: Makfax

4

Најчитани вести