Популарната американска актерка Сара Џесика Паркер, која се прослави во ТВ серијата „Сексот и градот”, откри на телевизија дека „многу познат актер” се однесувал кон неа „непримерно”.

Актерката не сакаше да каже за кого се работи ниту каде се случил инцидентот, освен дека било неодамна на снимање на некој филм.

Таа во текот на минатиот викенд кажа дека му се обратила на својот агент и му го кажала случајот, а тој испратил предупредување до компанијата дека актерката ќе го напушти снимањето ако се повтори таквото однесување.

Паркер рече дека однесувањето на нејзиниот колега се променило веднаш штом дознал дека јавно се пожалила.

извор: Makfax

3

Најчитани вести