Иранскиот претседател Хасан Рохани го нарече тажна иронија фактот дека итниот состанок на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) се одржува по налог на САД иако претседателот Трамп е главен придонесувач за пропаѓањето на договорот со Иран, пренесува РТ.

Одборот на гувернери на ИАЕА треба да се состане в среда за да разговараат за сегашниот статус на Заедничкиот сеопфатен план за акција (ЈЦПОА), на барање на САД, кои неславно се повлекоа од т.н. ирански нуклеарен договор и наметнаа новите санкции против Техеран во 2018 година.

„Од една страна, Американците го опишаа ЈЦПОА како најлош можен договор и се повлекоа од него без никаков изговор, а од друга страна, кога Иран ги намали своите обврски кон договорот,  изразуваат загриженост иако сите треба да се загрижат што САД го прекрши целиот договор”, рече Роханина седницата на итанската влада.

„Тие свикаа итен состанок на бордот на гувернери, прашувајќи зошто Иран напуштил некои од своите обврски од ЈЦПОА. Ова е смешна приказна што САД ја следат и таквите мерки се ретки во светската политичка историја,” додаде тој.

извор: Makfax

24

Најчитани вести