Авионот на црногорската компанија „Монтенегро ерлајнс”, кој од Тиват леташе кон московскиот аеродром Москва-Домодедово, принудно слета во рускиот град Калуга, откако пилотот ја загуби свеста, соопшти извор од службата за авијација.

Изворот изјави за агенцијата ТАСС дека на капетанот му се слошило и изгубил свест кога авионот се приближувал кон Москва и веќе се спуштил на пониска височина.

„Поради тоа е извршено принудно слетување на аеродромот во Калуга“, вели изворот на руската агенција, додавајќи дека слетувањето било направено нормално и дека никој не бил повреден.

Засега нема информации за здравствениот статус на пилотот. Калуга се наоѓа југозападно од Москва.

извор: Makfax

1

Најчитани вести