Собранието на Република Македонија денеска најверојатно повторно ќе го прескокне Предлог-закон за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион – прво читање, бидејќи се уште не поминал на матичната Комисија за култура.

За Предлог-законот вчера нешто повеќе од еден час расправаше Комисијата, по што дебатата беше прекината и беше најавено нејзино продолжување.

Продолжение на седницата не е најавено за денеска.

Претседателката на Комисијата, пратеничката од владејачкото мнозинство Ирена Стефоска за Утрински Весник информираше дека денеска нема да има седница и оти дополнително ќе соопшти кога ќе продолжи.

Пратениците од власта и опозицијата имаат спротивставени ставови во врска со овој закон, а темата е особено актуелна по најавите дека Охридскиот регион може да оставен без заштитата од УНЕСКО.

16

Најчитани вести