Италијанскиот музичар Ерос Рамацоти (55) се разведува од актерка и модел Мариса Пелегринели (31) по пет години брак и десетгодишна врска, објави италијанскиот портал Анса.

„Тоа беа прекрасни десет години, заедно изградивме прекрасно семејство и бевме бескрајно среќни. Ова е заеднички избор и нашиот однос останува пријателски. Имаме голема почит еден кон друг и ја повикуваме јавноста да ја почитува нашата приватност и приватноста на нашите деца во овој стресен период за целото семејство“, рече двојката за италијанските медиуми.

Тие се венчаa на 6 јуни 2014 година во Милано, имаат две деца – ќерката Рафаела Марија (7) и синот Габрио Тули (4).

извор: Makfax

332

Најчитани вести