Мртов коњ синоќа околу полноќ лежеше до патеката на кеј кај мостот од Железничка кон саем, каде има диви ромски населби. На социјалните мрежи е објавена фотографија на која се гледа дека коњот е измачуван, прегладнет и дехидриран.

Под објавата на фотографијата, граѓаните коментираат дека треба да престане измачувањето на животните и со закон да биде забрането користењето на коњите како превозно средство.

Здружението за заштита на животни „Анима мунди“ пред неколку години организираше граѓанска петиција и упати барање до надлежните градски и државни органи, Градот Скопје, Советот, како и Агенцијата за храна и ветеринарство, да донесат забрана за влечен сообраќај со коњи. Од Здружението велат дека се сооочуваат со секојдневни слики на изнемоштени коњи на улиците на Скопје, кои се болни, гладни и жедни, тепани и приморувани да се движат и тогаш кога не можат ниту педа подалеку.

Извор: skopjeinfo.mk

1

Најчитани вести