Британскиот музичар Стинг поради болест го откажа вечерашниот концерт во Минхен.

На официјалната веб-страница на Стинг е наведено дека на пејачот му е искрено жал за откажувањето на концертот и дека не се чувствува добро, без да бидат наведени детали за неговата здравствена состојба. Како што е наведено, лекарите му препорачале да го откаже настапот.

Стинг (67) со 100 милиони продадени албуми, во понеделникот откажа настап на џез-фестивал во Белгија, исто така, поради болест.

извор: Makfax

84

Најчитани вести