Дека моделката Емилија Розман е хумана тоа веќе нема кој не го знае. Одамна е познато дека е крводарител, член на Црвениот крст, но со последниот гест таа ги омекнува и најтврдите срца. 

Имено, Розман реши својата долга коса да ја скрати и да ја донира за правење перики наменети за дечињата болни од рак. 

„Дали знаете дека постои институт во Холандија каде што можете да ја пратите вашата коса во вид на донација и тие изработуваат бесплатни перики стриктно за деца кои се борат со ракот!“ - напиша таа под објавената фотографија на која е со нов имиџ. 

Браво девојко! 

1

Најчитани вести