Српскиот рапер Вукадин Гојковиќ или во јавноста познат како Вук Моб открил дека кога ќе се напие не знае што прави. Така, во една прилика, признал, трчал по улица со сатар во раката и сакал да убие некого. Признал дека тоа му било најлошо пијанство.

„Ми остана во сеќавање она кога пијан со сатар во рака бркав неколку луѓе кои не ги познавам. Додека трчав по нив, еден човек со ремен ме удри по глава, а тоа не го почувствував“, рекол Вук и додал: „Некој повикал полиција и успеале да ме запрат и да ми го земат сатарот. Сум ги нападнал и нив, па ме привеле. Мислев дека ќе ме претепаат, но не. На крајот добро се заврши, ако не ме спречеа можев да убијам некој. Не смеам ниту да помислам што се можело да се случи. После тоа престанав да пијам.“

Најчитани вести