Владата на Македонија, на денешната седница , го разреши досегашниот Претседатело на бордот на директори на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, Џеват Исени.

Пред неколку дена Канал 5 ТВ објави видео на кое се гледаше дека Џеват Исени, играјќи на некоја свадаб, закачен за својот појас носи пиштол.
Реагираше сега веќе разрешениот прв човек на Бордот на АДСДП , кој тврдеше дека соодветниот пиштол бил сигнале, односно гасен.

Очигледно дека и Владата на Македонија некако не била баш убедена во „гасноста“ на соодветниот пиштол, па на денешната 143 седница го донесе следното решение:
„На денешната седница Владата на РСМ донесе одлука Џеват Исени да биде разрешен од функцијата неизвршен член на Одборот директори на акционерското друштво за стопанисување со деловен простор (АДСДП), со што му престанува и функцијата Претседател на Одборот на директори на АДСДП.“

Најчитани вести