Времето денеска беше сончево и топло со мала до умерена облачност. Дуваше слаб до умерен, а во делови од Пелагонија и засилен ветер претежно од западен правец. Во утринските часови имаше слаб локален дожд, а попладнево во североисточните делови, како и во околината на Гевгелија беше нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во североисточните планински подрачја (Кратово-К.Паланка) според радарската слика можна е појава на град.

ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

На места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во северните и источните делови. Локално процесите може да бидат и поинтензивни. Ќе дува умерен ветер од западен и северозападен правец. Во ноќните часови претежно стабилно.

Нестабилно ќе биде и во делови од Скопската Котлина со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено попладне. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, град и пообилни врнежи (над 30л/м2). Минималната температура ќе биде помеѓу 12 и 20, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. УВ=7

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено попладне. Повремено процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.

Температура: 18/27 степени

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во четврток и петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а дневните температури ќе се задржат нешто пониски. Во сабота попладне ќе има повремен локален дожд. 

1

Најчитани вести