Eдинственото извинување што требаше господинот Заев да го каже во врска со објавените телефонски разговори со лажни соговорници требаше да биде содржано во две реченици, „се срамам од тоа што го направив и веднаш ја напуштам функцијата претседател на Владата“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на општина Петровец.

Тој додаде дека по ваков скандал, требало да се формира техничка влада и во рок од 100 дена од овој ден да се одржат предвремени парламентарни избори.

„Само тогаш ќе го видевме вистинското лице, она лице коешто треба човек по еден ваков скандал, примитивен би рекол, да го направи ако сака да биде почитуван од сопствените граѓани. Ова само дополнително ќе ја зголеми неговата лична агонија, неговата лична фустрација, но и фустрацијата на граѓаните. За мене е катастрофално да се слушне ова што се слушна бидејќи, како што успеав да разберам патувајќи до овде, тој не ја негираше оваа снимка, туку напротив ја потврди нејзината автентичност“, посочи лидерот на опозициската партија.

Според Мицкоски, Заев потврдил низа работи коишто, како што рече, граѓаните во Македонија, но и во Европа можеле да ги слушнат, меѓу кои согласноста за поткуп на верски лидер, односно патријархот Вартоломеј.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека на Македонија ѝ треба влада која ќе ја стави државата на брза лента и, како што кaжа, прва ќе го заврши маратонот наречен полноправно членство на земјата во рамките на Европската Унија.

извор: Makfax

2,107

Најчитани вести